Од 1 јануари следната година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси, како директна поддршка на пет стопански гранки. Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари. Со оглед дека во Македонија работат индустриски капацитети коишто произведуваат автомобилски делови, како поддоговарачи на големите автомобилски компании и кои се извозно ориентирани, се укинува стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо.
Од 1 јануари следната година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси, како директна поддршка на пет стопански гранки.
- Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари- информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според него, со оглед дека во Македонија работат индустриски капацитети коишто произведуваат автомобилски делови, како поддоговарачи на големите автомобилски компании и кои се извозно ориентирани, се укинува стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо.
Во металопреработувачката индустрија за над 105 производи, пред се алатни машини, се намалуваат стапките кои досега изнесуваа 5 проценти и повеќе. Со тоа, укажа вицепремиерот, директно ќе им се помогне на компаниите што се занимаваат со производство на предмети од метали и на целокупната металопреработувачка индустрија, но и за малите бизниси кои во голем дел се занимаваат со производство на предмети од метали.
Ќе има намалување на царините и за транспортниот сектор со цел обнова на возниот парк и намалување на трошоците на транспортните компании. Се намалуваат царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат. Тоа, укажа Ставрески, е директна поддршка за компаниите од транспортниот сектор во патниот и железничкиот сообраќај.Се интервенира и кај царинските стапки за фолии од полиетилен, што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај апаратите за копирање, каде се укинува целосно стапката што досега изнесуваше 6 проценти.
- На овој начин преку значително намалување и укинување на царинските стапки Владата директно ќе им помогне на пет-шест сектори што се значајни за македонската индустрија и коишто во вакви околности кога се соочуваат со предизвиците на европската и светската економска криза и очекуваат поддршка од Владата-смета Ставрески.
Директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов, информира дека фискалните импликации од намалувањата изнесуваат околу 30 милиони денари на годишно ниво. Се разбира, тие се вклучени во проекциите за буџетот за наредната година, а сето тоа треба да придонесе за зголемување и подобрување на економската активност во Република Македонија, посочи Каргов.
Според него намалувањата на царинските стапки, се мерки на Владата донесени во соработка со бизнис заедницата и нејзините потреби, оти со намалувањето на царинските стапки, се зголемува конкурентноста на стопанство.